Концерт Cetkar-Autumn111s

5 октомври, 2015

Владимир Четкар со концерти во Штип и Охрид

После кратката американска турнеја во Детроит, Чикаго и Колумбос, каде настапи пред 43. Претседател на САД, Џорџ Буш, Владимир Четкар повторно се врати на кратко во Македонија, во родниот Охрид, каде со својот секстет оваа сабота, 10 октомври, ќе одржи денски концерт во „Билјанини извори“ со почеток во 15 часот.

Ден пред тоа, во петок, Четкар за прв пат ќе се претстави пред штипската публика со концерт во Домот на млади.

И на двата  настапи Четкар ќе биде придружуван од Ѓоле Максимовски на бас, Виктор Филиповски на тапани, Александар Златевски на труба, Филип Стевановски на тромбон и Борислав Веселинов на тенор саксофон.

Неодамна Четкар настапи во Скопје, во „Барбакан“, а концертот беше дел од фестивалот „Култиватор“.



Врати се горе ↑