Македонија Vladimir Cetkar2

1 ноември, 2015

Владимир Четкар со концерт во Белград‏

Владимир Четкар ќе одржи концерт во Белград на 12 ноември во новиот белградски хотел „Радисон Блу – Стари Млин“ (Radisson Blu Old Mill Hotel). Концертот е организиран од „Лауд мајнорити Белгрејд“ (Loud Minority Belgrade), а билетите се веќе пуштени во продажба преку „ДД тикетс“ и може да се купат во сите продажни места на „ВинВин“ низ Србија.

Ова ќе биде прво претставување на Четкар пред белградската публика каде ќе биде придружуван од Милош Николиќ на труба, Младен Лукиќ на тромбон, Александар Петковиќ на тенор саксофон, Ѓоле Максимовски на бас гитара и Виктор Филиповски на тапани.




Врати се горе ↑