Македонија Cetkar 2

16 јуни, 2014

Владимир Четкар рамо до рамо со Арета Френклин на Блу Ноут Џез Фестивалот

Овој петок (20 јуни) Македонија ќе го има својот претставник на најголемиот џез фестивал во Менхетен, Блу Ноут Џез Фестивалот (Blue Note Jazz Festival), јавуваат од менаџментот на нашиот светски познат џез музичар Владимир Четкар. На овој престижен фестивал носечкото име e можеби најпознатиот женски вокал на сите времиња, Арета Френклин, а ќе учествуват и една мала армија на џез, соул и поп ѕвезди како Боби Мекферин, Мајкл Болтон, Хозе Џејмс, Данило Перез, Џо Ловано, Мишел Камило, Џон Патитучи и многу други.

Фестивалот се одржува на повеќе локации низ Менхетен и ќе трае до крајот на месец јуни. Четкар на фестивалот ќе се претстави со Септет на сцената на Блу Ноут Џез Клубот и тоа веднаш после концертот на триото на џез великаните Данило Перез, Џон Патитучи и Брајан Блејд.

На Четкар ова ќе му биде втор настап на овој фестивал и вкупно 6-ти настап во Блу Ноут,  а овој петок ќе биде придружуван од Арон Хенри на тенор саксофон и флејта, Коди Роулендс на труба и флугелхорн, Кори Волис на тромбон, Милан Милановиќ на пијано, Мото Фукушима на бас и Џефри Фахардо на тапани.



Врати се горе ↑