Македонија Cetkar 2

17 септември, 2015

Владимир Четкар ќе настапи пред Џорџ Буш‏

Владимир Четкар периодов е на турнеја во САД, каде овој петок ( 18/09/15 ) ќе настапи во Детроит во историскиот „Jazz Cafe at Music Hall“, а наредниот ден, сабота во Чикаго во „BAR 63“. На 26 септември, сабота во 20 часот, Четкар ќе одржи концерт за гала вечерата „ABLE“  која се одржува во Колумбус, Охајо во „Хилтон“ и каде почесен гостин ќе биде поранешниот американски претседател Џорџ Буш, а ќе биде присутен и политичкиот врв на Република Македонија.

Четкар неодамна го промовираше новиот видео запис за неговата композиција „Time Goes By“, кој може да го погледенете овде.



Врати се горе ↑