27 декември, 2012

Влада Дивљан сними нов спот

Некогашниот член на групата Идоли, познатиот музичар Влада Дивљан во соработка со Летно Кино Биг Бенд објави нов спот и сингл „Само једну љубав имам“. Спотот за нумерата беше премиерно прикажан на 24-ти декември на регионалниот канал на MTV. Песната настана на почетокот на 2009 година, кога Дивљан во Белград работеше на музиката за филмот на режисерот Мирослав Момчиловиќ „Чекај ме, јас сигурно нема да дојдам“.

Инструменталниот вовед во песната „Само једну љубав имам“ е всушност музичка тема од филмот, кој инаку зборува за љубовта која секој ја бара, а некој и ја наоѓа.


 



Врати се горе ↑