20 март, 2017

„Визија“ со нова екранизација за „Гласно“

Скопскиот алтернативен рок бенд Визија ја екранизираше насловната тема од својот деби албум „Гласно“, кој во декември минатата година беше концертно промовиран во Младинскиот културен центар. Автор на видео записот е гитаристот на бендот, Марко Џамбазоски.

Бендот „Визија“ постои 5 години, а во него членуваат Марко Џамбазоски, соло гитара и придружен вокал, Марко Гапо, вокал и ритам-гитара, Лилјана Јанкова, бас-гитара и придружен вокал и Синиша Ѓорѓевиќ, тапани. Бендот има настапено на дел од поголемите балкански фестивали како што се Заечарската „Гитаријада“, „Таксират“, „Јелен демофест“, „Лејк фест“, „Миксер“ и други.

15350641_1348755391836714_2583236485652441965_n

За „Визија“ се пишува и надвор од Балканот – бендот доби одлични критики од американската радио станица „Дабјлу-ем-би-ар“ (WMBR) и од британскиот музички веб сајт „Имрџинг инди бенд“ (Emerging Indie Bands), кој на  листата на најдобри 90 нови бендови во светот за 2014 година, ја рангира „Визија“ на високото седмо место.

Во наредните денови „Визија“ ќе реализира мала турнеја низ регионот – „Гласно!“ ќе биде промовиран со жива свирка во повеќе градови. Албумот „Гласно!“ може да се купи во Скопје – „Југотон“ и „Пола Југотон“, Охрид – „Музичка продавница Зизи топ“, Битола – „Brothers tobacco“, Кичево – „Вемакс“, Кочани – „Шишко“ и онлајн на „Амазон“, Гугл плеј и Ајтјунс.

15267885_1345170178861902_4479266828078733949_n

 



Врати се горе ↑