Македонија vizija

17 февруари, 2013

„Визија“ промовираат нова песна

„Визија“ е бенд од Скопје, Македонија, основан во ноември 2011 година. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови со цел формирање сопствен стил.

Во јуни 2012 бендот „Визија“ настапи на фестивалот „Т’к-Так фест“ во Кавадарци, каде што беше прогласен за еден од најдобрите три бендови на фестивалот. На 24 ноември истата година бендот бележи настап на престижниот фестивал „Таксират“ во Скопје. Во продолжение преслушајте ја нивната нова песна насловена „Гласот на мојата душа“.

 



Врати се горе ↑