Настани vizija

10 декември, 2013

„Визија“ ќе настапи на јубилејот „50 години рок ен рол во Македонија“‏

Рок бендот „Визија ќе настапи на јубилејниот концерт во чест на 50 години рок ен рол во Македонија. Настанот ќе се одржи во четврток, 12 декември 2013 година, со почеток во 20 часот, во клуб ресторанот МКЦ. Покрај „Визија“ ќе настапат и неколку постари македонски рок бендови кои биле дел од почетоците на рок ен ролот во Македонија, како и неколку други млади бендови. Целиот настан ќе биде збогатен со Stand up comedy, танцови, коктел забава и доделување на плакати и благодарници за македонските рок ветерани. Влезот е бесплатен.

Инаку, бендот „Визија“ е формиран во 2011 година од членовите Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ. Музиката која ја изведуваат подложи на експериментирање, со што формираат свој препознатлив звук, а во своето двегодишно постоење имаат постигнато неколку поголеми успеси во и надвор од Македонија, а еден од последните е и настапот во финалето на најстариот европски рок фестивал – 47. издание на Гитаријадата во Зајечар.



Врати се горе ↑