Промоции 12235046_1075932195785703_3980769116024612249_n

18 ноември, 2015

„Визија“ ќе го промовира првиот спот за песната „Гласот на мојата душа“

Првиот видео запис на скопскиот бенд „Визија“ за песната „Гласот на мојата душа“ ќе биде промовиран во четврток на 19 ноември во 20 часот и 30 минути во рок-барот „Гарсон. Видео записот е во режија на Марко Џамбазоски, кој воедно е и сценарист и монтажер, снимател е Кристијан Караџовски, а улогите ги толкуваат Стефан Петровски, Александар Алексовски, Дамјан Јосифовски и Дејан Младенов. Спотот е во продукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Бендот „Визија“ постои четири години, а во него членуваат Марко Џамбазоски, соло гитара и придружен вокал, Марко Гапо, вокал и ритам-гитара, Лилјана Јанкова, бас-гитара и придружен вокал и Синиша Ѓорѓевиќ, тапани.

Еден од најголемите успеси на бендот е настапот на 47. издание на „Гитаријадата“ во Заечар, во 2013 година, а набрзо потоа и на Јелен демофест“ во Бања Лука, каде што добија одлични критики. Следуваат концерти во Скопје, Никшиќ, Благоевград, Штип, Куманово и во Белград, а еден од последните настапи им е на јубилејниот 30. „Рок-фест“, каде што гитаристот Марко Џамбазоски беше прогласен за најдобар гитарист на фестивалот.

Важни за „Визија“ се и позитивните критики од британската музичка интернет-страница „Емерџинг инди бендс“ (EmergingIndieBands), што на нивната листа од најдобри 90 нови бендови за 2014 година ја поставува „Визија“ на 7. место, како и американската радиостаница „Даблју-ем-би-ар“( WMBR), што ја вброиле песната „Гласот на мојата душа“ меѓу најдобрите за 2013 од територијата на поранешна Југославија.

 



Врати се горе ↑