Аудио vizija

11 март, 2013

„Визија“ го заокружува серијалот со „Илузија“

Бендот „Визија“ ја пушта во етерот и нивната последна студиска снимка од серијалот на четири песни кои беа снимени во студиото „Ентерпрајз“. Станува збор за песната „Илузија“, на која изминативе три недели и претходеа „Гласот на мојата душа“, „Паѓа мрак“ и „Психопат“ кои влегоа и на неколку топ листи на македонските радио станици.

Бендот „Визија“ постои од ноември 2011 година. Во своето постоење бендот успева да освои награда на првиот „Т’к-так фест“ во Кавадарци, да настапи на престижниот скопски фестивал „Таксират“ и на уште неколку концерти и фестивали. Членови на оваа група се: Марко Џамбазоски (гитара, придружни вокали), Марко Гапо (вокал, ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара, придружни вокали), Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови, со цел да се формира свој сопствен стил. Во моментов бендот работи на нов материјал, а секакви новости може да се најдат на фејсбук страницата на бендот.

 



Врати се горе ↑