Македонија 12274552_1077136138998642_378510628273693119_n

4 јануари, 2016

„Визија“ го има најдобриот видео запис за 2015 година

Во гласањето кое се одвиваше преку фејсбук страницата „Алтернативна сцена“, македонската публика го одбра најдобриот македонски алтернативен видео запис за 2015 година. Од вкупно 1716 гласови, на првото место заврши бендот „Визија“ и спотот за песната „Гласот на мојата душа“ со освоени 383 гласови, додека пак на втората и третата позиција завршија „Брука бенд“  со „До преѓе“ (351 глас) и „Пи-ем-џи колектив“ со „80-ти“ (311 гласови).

Понатаму следуваа бендовите „Стил темпл“, „Аутмајнд“, „Апсаздан“, „Санаториум“, „Колт“, „Телемама“, „Фулиш грин“, „Сиз“, „Мугер фугер“, „Паркети“ итн. 2015 година се покажа како многу продуктивна за алтернативната сцена, а доказ за тоа е и бројот на учесници во оваа анкета, што покажува дека македонските алтернативни бендови сосема добро си ја завршиле својата работа.



Врати се горе ↑