15 септември, 2017

„Визија“ го екранизираше својот „Крик“

Скопскиот алтернативен рок бенд „Визија“ деновиве го претстави своето ново видео за темата „Крик“, која се најде на албумот првенец „Гласно!“ (2016). Единствената македонска група на годинашниот „Егзит овој пат соработуваше со продукцијата „Пирамид“ (Pyramid Production) и режисерот Кристијан Шемко, а техничката реализација е на Михаил Шемкоски.

Главните улоги во видео приказната за „Крик“ ги имаат самите членови на бендот и актерката Марија Трајан, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

визија крик



Врати се горе ↑