Македонија vizija

28 мај, 2014

„Визија“ – единствен бенд од Македонија во финалето на престижниот фестивал „Миксер“ во Белград‏

Културната организација „Миксер“ ги објави резултатите од регионалниот конкурс за бендови, каде што беа пријавени бендови од сите држави од регионот, а стручното жири избра 16 кои ќе настапат на претстојниот „Миксер Фестивал” 2014. Покрај македонскиот бенд „Визија, кој неодамна беше дел и од финалето на најстариот европски рок фестивал – „Заечарска Гитаријада“, помеѓу финалистите се и „Apмуши“, „Жил Верн“, „Лејт фор кофи“, Лорна Винг, Лус Азул, „Мјуз треп“, „Снуп бани и д-р Џи“, „Сјемпре пелигросо“ и „Bизeљ“ од Србија, „Медија стрес“ од Хрватска и „Вуду моџо“ од Босна и Херцеговина.

Финалистите покрај настапот, ќе бидат застапени и на официјалниот производ на фестивалот – компилацискотo цеде „Double Dare: New power“, кое ќе биде издадено пред почетокот на фестивалот, а целиот приход од неговата продажба ќе биде уплатен во фондот за загрозени од поплавите.

Миксер ќе се одржи од 5 до 8 јуни 2014, а настапот на „Визија“ е закажан за 7 јуни со почеток во 20.30 часот.



Врати се горе ↑