Балкан

22 октомври, 2018

„Визељ“ полуди од секогаш во својот нов „Кадилак“

Српскиот алтенативен рок-бенд „Визељ“ го објави видеото за својот нов сингл „Кадилак“, за кој вели дека е првата песна создадена во новата постава, со новиот тапанар. „Се потрудивме да ја искористиме таа нова хемија и динамика на бендот за да извлечеме што повеќе енергија и сила од себе и мислиме дека успеавме во тоа“, велат момците од „Визељ“, додавајќи дека се „полуди од секогаш“!

Екранизацијата за „Кадилак“ не случајно е снимена во студиото „Пожаревац“ во Белград. „Ова студио во моментов е епицентар на случувањата на младата белградска сцена. Во него, покрај нас, се појавува и поголемиот дел млади белградски бендови (Шајзербитерлемон, Клотљуди, Газорпазорп…) Видеото го снимаше и монтираше Сташа Букумировиќ (која ја екранизираше и минатогодишната ’Пустина’) и нејзината идеја беше да го забележи генералниот хаос кој во ’Пожаревац’ се одвива речиси секојдневно“, објаснуваат музичарите и велат дека плановите за бендот засега се „матни“.

„Имаме тн. ’повранички’ концерт во Белград, на 26 октомври во ’Електропионир’, ќе има и неколку датуми низ Србија, кои сè уште се во фаза на договарање, а ќе свириме и на фестивалот ’Мент’ во Љубљана кон крајот на јануари. Дотогаш… кој знае… Албум сè уште немаме во план, но можеби ќе ве изненадиме со уште неколку песни“, заклучија од „Визељ“, па дотогаш уживајте со нивниот нов „Кадилак“. 



Врати се горе ↑