6 април, 2017

„Виво“ ја „издаде“ Рената!

Сосема неочекувано, утрово неколкумина имаа можност да го погледнат долгоочекуваното видео на Рената за новиот сингл „Queendom“. Видеото и песната беа достапни на платформата „Виво“ цели два часа, сè додека еден момент не беа отстранети.

Рената сè уште не објавила официјален датум на излегување на песната, само потврдила дека треба да ја очекуваме овој месец, како и дека ќе биде нешто сосема ново и за неа и за македонската музичка сцена.

17807169_10155446796331494_1663722241_n

Новиот сингл воедно ќе означи и почеток на едно ново поглавје во нејзината кариера, за која неофицијално дознаваме дека наскоро ќе се одвива под закрила на позната продукциска куќа од Европа, која ѝ ветува европска музичка слава.

Пејачката и претходно забележала успеси на меѓународно ниво. Дел од нејзините претходни синглови се вртеле на радио станиците ширум целиот свет, а се нашле и на компилации со хитови од светски познати изведувачи како што се Бијонсе, Ријана, Лејди Гага и други.

рени

Имајќи го предвид талентот и светскиот квалитет на Рената, за нејзиното музичко кралство нема да постојат граници!

И.Ј.



Врати се горе ↑