Балкан

22 мај, 2018

„Вива вокс“ и „Бед копи“ ја комплетираат програмата за 8. „Арсенал“

Осмото издание на фестивалот „Арсенал“, кој ќе се одржува од 21 до 23 јуни во Крагуевац, соседна Србија, го комплетираше списокот со изведувачи што ќе настапуваат на трите сцени во рамките на трите фестивалски вечери. Популарниот хор „Вива вокс“ и хип-хоп легендите „Бед копи“ се последните во низата звучни имиња за годинашното издание, придружувајќи им се на претходно најавените „Едиторс“, „Тексас“, „Килс“, „Морчиба“, „Дисциплин а кичме“, Марки Рамон, „Лету штуке“, „Лет 3“

На главната сцена на „Арсенал“, на 21 јуни ќе настапи легендарната „Ју-група“, инди-рок бендот „Килс“, пост-панк екипата „Едиторс“ и француската реге-сензација „Даб инк“, додека на сцената „Гарден“ првата вечер ќе свират хард-кор бендот „Дисхјуманити“, култниот „КБО!“, легендарниот тапанар Марки Рамон, „Човек без слуха“, секогаш провокативните „Лет 3“ и Никола Врањковиќ.

Хорот „Вива вокс“ и провокативните хип-хопери „Бед копи“ на 22 јуни на главната сцена ќе им се придружат на шкотските хитмејкери „Тексас“ и балканските панкери „Култур шок“, додека втората вечер на сцената „Гарден“ ќе ечи музиката на панк-рокерите „Погон БГД“, балкан-денс-панк бендот „Маика“, домашните Ирци „Ајриш стју оф Синдидан“, метал-панкерите „Мортал комбат“, ретро-поп екипата „Џинкс“, електро-поп двоецот „Ниплпипл“ и култниот реге-бенд „Дел Арно“.

Последната вечер од фестивалот „Арсенал“ што ќе се одржи на 23 јуни, ќе помине во знакот на легендарните „Плави оркестар“, панк-рок и драм-енд-бејс гостите од Британија – „Ентер Шикари“, трип-хоп пионерите „Морчиба“ и култната „Дисциплин а кичме“, а сите тие ќе настапуваат на главната сцена. На сцената „Гарден“, пак, завршната вечер е резервирана за еклектичниот бенд „Оргазам“, „Пропаганда 117“, Никола Пејаковиќ Коља, култните „Лету штуке“, раперите „Стерео банана“, алтернативците „И-плеј“ и балканскиот соул и поп-музичар Марко Луис.

Фотографија на Arsenal FEST.

Третата „Експлозивна диџеј-сцена“ ќе биде вистинско уживање за сите љубители на електронската музика, бидејќи на 21 јуни настапуваат Марквуд и Ханки, Кристијан Молнар и НТФО, на 22 јуни Едиб Ди, Некси и Мигел Бастида, а на 23 јуни Батрик и МИВУ, Оливијан Нур и Роско.

ПРОГРАМА
21 јуни
Главна сцена
21.15 – 22.30 YU GRUPA
23.00 – 00.15 THE KILLS
00.45 – 02.00 EDITORS
02.30 – 03.45 DUB INC
Сцена „Гарден“
20.15 – 20.35 Победникот на „Бунт“
20.45 – 21.15 DISHUMANITY
21.30 – 22.15 KBO!
22.30 – 23.45 MARKY RAMONE
00.00 – 01.00 ČBS
01.15 – 02.30 LET 3
02.45 – 04.00 NIKOLA VRANJKOVIĆ
Explosive DJ
23.00 – 00.30 Markwood & Hunckie (Крагуевац)
00.30 – 02.00 Kristijan Molnar (Белград)
02.00 – 04.00 NTFO (Романија)
22 јуни
Главна сцена
21.30 – 22.45 VIVA VOX
23.15 – 00.30 TEXAS
00.45 – 02.00 BAD COPY
02.15 – 03.30 KULTUR SHOCK
Сцена „Гарден“
20.30-20.50 Победникот на „Бунт“
21.00 – 21.30 POGONBGD
21.45 – 22.15 MAiKA
22.30 – 23.15 IRISH STEW OF SINDIDUN
23.30 – 00.45 MORTAL KOMBAT
01.00 – 02.15 JINX
02.30 – 03.15 NIPPLEPEOPLE
03.30 – 04.30 DEL ARNO BAND
Explosive DJ
23.00 – 01.00 Edib D (БиХ)
01.00 – 03.00 Nexie (Белград)
03.00 – 05.00 MIGUEL BASTIDA (Шпанија)
23 јуни
Главна сцена
21.30 – 22.45 PLAVI ORKESTAR
23.00 – 00.15 ENTER SHIKARI
00.45 – 02.00 MORCHEEBA
02.30 – 03.45 DISCIPLIN A KITCHME
Сцена „Гарден“
20.30 – 20.50 Победникот на „Бунт“
21.00 – 21.30 ORGANIZAM
21.45 – 22.30 PROPAGANDA 117
22.45 – 23.45 KOLJA
00.00 – 01.15 LETU ŠTUKE
01.30 – 02.15 STEREO BANANA
02.30 – 03.30 E-PLAY
03.45 – 05.00 MARKO LOUIS
Explosive DJ 
00.00 – 02.00 Battric & MiVU ( Косовска Митровица )
02.00 – 04.00 Olivian Nour (Романија)
04.00 – 06.00 ROSSKO (Англија)

 

Повеќе информации за фестивалот на arsenalfest.rs и на Фејсбук.



Врати се горе ↑