31 март, 2013

„Виртуелно лудило“ на македонски начин

Мартина Блажеска е име кое нема да остане незабележано, одличен вокал и голем потенцијал за ѕвезда! Таа е охриѓанка, има 17 години, учи во средно музичко училиште, свири гитара, пее, а како што пишува на нејзиниот блог, почнала да компонира во 2012 година и до сега има 9 оригинални, но необјавени песни.

Музичари како што се Џон Мејер, Нора Џонс, Џејми Калум имаат најголемо влијание врз нејзината музика, која се надеваме ќе имаме можност да ја слушнеме наскоро. До тогаш уживајте во одличната преработка на познатиот хит од Џамирокваи„Virtual Insanity“.

 



Врати се горе ↑