Балкан JLOLyricImage

31 октомври, 2012

ВИП карти за концертот на Џеј Ло во Белград

КОНТИНГЕНТ карти за ВИП трибините на концертот на Џенифер Лопез кој ќе се одржи во белградската „Комбанк Арена“ на 20ти ноември, од вчера се пуштени во продажба. Станува збор за картите кои биле наменети за лични гости на ѕвездата, но заради големиот интерес се продаваат како ВИП карти, а за пријателите и роднините на славната пејачка ќе бидат обезбедени додатни ложи.

Побарувачката за карти е голема, а во продажба можат да се најдат уште влезници за ниво 400, фан пит и партер. На концертот во „Арената“, покрај српската публика, ќе уживаат и околу 5000 нејзини фанови од регионот.

Уште еден новитет кој е поврзан со концертот, односно со самата Џеј Ло, е тоа што распишан е конкурс за пронаоѓање на нејзина двојничка. Голем број на девојки веќе ги пратија пријавите со нивни фотографии на меил jlosrbija@novinepress.rs , а сите заинтересирани можат да ги видат деталите околу тоа на страната www.pressonline.rs 

Пријавувањето ќе трае до 10ти ноември, а финалето ќе се одржи непосредно пред концертот, во емисијата „Амиџи шоу“, кога стручното жири ќе ја одбери победничката од 5 финалистки. Двојничката на Џенифер Лопез ја очекуваат вредни награди: Џеј Ло часовник, карта за фан-пит за концертот во Белград, а и можност да се запознае со пејачката. Останатите финалистки исто така ќе добијат вредни подароци.

 



Врати се горе ↑