Настани виолетов ден2

25 март, 2016

Виолетов ден во Скопје за поддршка на лицата со епилепсија

Виолетовиот ден е меѓународен ден посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот. На 26 март секоја година луѓето се облекуваат во виолетово и на различни настани го одбележуваат овој ден. Оваа година Здружението „Епилепсија Македонија“ ќе го одбележи овој ден под мотото „РАЗЛИЧНИ А СЕПАК ИСТИ“ во 11 часот на градскиот плоштад во Прилеп, а во соработка со Лигата за борба против епилепсија на Македонија ќе го одбележи „ВИОЛЕТОВИОТ ДЕН“ во 12 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје, и во 17 часот во „Скопје сити мол“.

Настанот во „Скопје сити мол“ ќе биде одбележан со едукативно предавање за тоа што е епилепсија, за проблемите на луѓето со епилепсија, како и нивната дискриминација од страна на општеството поради не едуцираност за поимот „епилепсија“, а свое обраќање ќе имаат и претставници на здружението „ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА“.

Покрај едукативниот дел, самиот настан ќе биде поддржан од голем дел на артисти од македонската естрада кои без никакво размислување хумано прифатија да бидат дел од овој едукативен настан и дополнително да го задржат вниманието на присутните со нивните настапи. Дел од настанот ќе бидат: Влатко Илиевски, Игор Митровиќ,  Бени (Нон стоп), „Ноу проблем“ , Џина Папас Џокси, Арчи, Бони и Оли, диџеј Боби, „Ринг роуд“, Војче Китановски, Ранко Рангелов.
Ја очекуваме Вашата поддршка. ДА ЈА ОБОИМЕ МАКЕДОНИЈА ВО ВИОЛЕТОВО!

виолетов ден



Врати се горе ↑