Настани vino3

6 септември, 2017

„Вино Скоп 2017“ збогатен и со забави „после работа“ и викенд матине

Годинашниот „Вино Скоп“ ќе се одржи од 20 до 24 септември, а за посетителите традиционално ќе понуди уникатно винско доживување. Локацијата на фестивалот – плоштад „Мајка Тереза“  пред МОБ), е идеално место и за дневни забави „после работа“ (аfter work), кои ќе започнуваат во 17.00 часот, а за време на викендот, посетителите ќе може да уживаат во дегустација на сортни вина и деликатеси од 12.00 на пладне.  

Во овој период од денот, винариите ќе имаат специјални промотивни цени за сите љубители на доброто вино и вкусните македонски деликатеси. Во вечерните часови ќе има музика за сечиј вкус, почнувајќи од џез и блуз, етно, свинг, фолк, рок, поп и ретро. Ова е 12. издание на најпознатиот македонски вински фестивал, а по вторпат се одржува на плоштадот „Мајка Тереза“, локација која што минатата година се покажа дека е навистина одлична за фестивал кој го слави пијалокот на боговите. „Вино Скоп“ по 12. пат е поддржан од Град Скопје.

Да ја продолжиме традицијата, да ја дочекаме есента заедно! Вино Скоп 2017

vino2



Врати се горе ↑