Настани vinoskop

17 септември, 2015

„Вино-Скоп 2015“ – многу љубов, вино и музика

Оваа есен од 30 септември до 4 октомври, традиционално по деветти пат во Скопје ќе се одржи најпознатиот македонски вински фестивал – „Вино-Скоп 2015“. Потврдено е учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови, кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино.

Како збогатување на богатата винска и гурманска понуда е и музиката за душа, а за тоа ќе се погрижат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, „Куку леле“, Тони Зен и „Флека“, Лозано, Тијана Дапчевиќ, „Суперхикс“, Ристо Самарџиев, Тајзи, „Бета хаус“ и многу други.

Поради тоа што фестивалот од година в година е сè поголем, локацијата е променета.Вино-Скоп 2015“ ќе се одржи зад С.Р.Ц „Борис Трајковски“, на паркингот кај АкваПарк.  Фестивалот е во организација на „Темов“ и со поддршка од град Скопје.

Бидете и вие дел од есенската приказна исполнета со многу љубов, вино и музика, „Вино-Скоп 2015“!



Врати се горе ↑