Настани vinski festival jpg

28 април, 2015

Вино и музика на „Пролетниот вино фест“ во „Веро центар“

„Веро центар“ оваа година го организира четвртиот по ред „Пролетен вино фест“, односно „Spring Wine Festival”. Од 6 мај до 10 мај, пред отворениот паркинг простор во склоп на „Веро центар“, посетителите секојдневно ќе имаат можност да уживаат во добро вино, деликатесна храна и музика за сечиј вкус.

На овогодинешниот вински фестивал го славиме виното преку селективно одбрани домашни винарии во кои посетителите ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени. Покрај дегустацијата на доброто вино и деликатеси, посетителите ќе имаат можност да се забавуваат и со одлична музика. Најавени се музички имиња од македонската естрада, како и од соседството.

Меѓу бројните музички ѕвезди свој настап ќе имаат култните „Ласт експедишн“, легендарниот Игор Џамбазов, како и црногорскиот шармер Бојан Маровиќ.



Врати се горе ↑