Аудио artworks-000045616367-jgpwnn-t500x500

16 април, 2013

Вил Ај Ем во дует со Мајли Сајрус: Слушнете ја „Fall Down“

Непосредно пред објавувањето на новиот албум „#willpower“, Вил Ај Ем претстави уште една нова песна. Станува збор за нумерата „Fall Down“ во која гостува Мајли Сајрус. Новото издание е закажано за 23-ти април, а имињата на колегите кои ќе гостуваат во ова издание се Бритни Спирс, Хит Бој, Уека Флока Флејм, Лил Вејн, Диди, Крис Браун, Мајли Сајрус, Скајлар Греј, Џуси Џеј, Ева Симонс, Бејби Кели, apl.de.ap и 2NE1, како и Џенифер Лопез и Мик Џегер.

Неодамна Вил Ај Ем ја претстави и соработката со Џастин Бибер, синглот насловен „#thatPOWER“, a Мајли можевме да ја слушнеме и во дуетот со Снуп Лајон „Ashtrays and Heartbreaks“Во продолжение слушнете ја „Fall Down“.

 



Врати се горе ↑