Свет wim

9 август, 2014

Вил Ај Ем соработува со Рита Ора

Познатиот американски музичар Вил Ај Ем се придружува на тимот соработници со кои британската пејачка Рита Ора го подготвува својот втор студиски албум. На изданието кое ќе го наследи првенчето „Ora“ од 2012 година ќе се потпишат имиња како што се Дипло, Келвин Харис, Џеј Зи и Принс, а како прв сингл во април беше претставен хитот „I Will Never Let You Down“. Покрај популарниот хит сингл инспириран од Витни Хјустон, на новото издание ќе се најде и соработка со популарното дуо Меклмор и Рајан Луис„Имаме една прекрасна песна со Меклмор, се вика „Young Dreamers“ и е навистина одлична забавна песна посветена на децата“, изјавила пејачката.

 



Врати се горе ↑