Аудио Vanity Fair's Sixth Annual Amped Concert - Inside

21 април, 2013

Вил Ај Ем и Крис Браун обвинети за плагијат

Како што пренесоа бројните медиуми, минатата недела Вилијам Адамс, многу попознат како Вил Ај Ем, се нашол во прилично непријатна ситуација – продуцентите Арти и Мат Зо (Аrty & Mat Zo), автори на песната „Rebound“, објавена во 2011 година под етикетата Anjunabeats, чии сопственици се познатото денс трио Абав енд Бијонд (Above & Beyond), преку сервисот Твитер се пожалиле дека штотуку ја чуле песната „Let’s Go“, во која гостува Крис Браун и која ќе се најде на новиот албум „#willpower“ (закажан за 23-ти април), па заклучиле две работи – дека станува збор за скоро истата песна, како и тоа дека никој не ја контактирал нивната издавачка куќа.

Вил Ај Ем за сега нема дадено официјален коментар на прашањата од новинарите како понатаму ќе се развива овој проблем, но затоа „гостинот во песната“ направил веќе карактеристично „Твитер шоу“, во кое Крис Браун малку ги навредувал оригиналните автори на песната, а малку и се оградувал од сето тоа, бидејќи бил „само гостин во нечија песна“ (што е далеку од вистината, бидејќи како автори јасно се потпишани Вил Ај Ем, Артем Столјаров и Крис Браун), а на крајот сето тоа го избришал и поставил порака во која само вели „#staypositive (останете позитивни)“.

Ако дојде до арбитража по пат на суд, како што стојат работите, Вил Ај Ем ќе има малку потешка задача да ја докаже автентичноста на песната, а колку се слични двете нумери, преслушајте ги во продолжение и заклучете сами.

Will.I.Am ft. Chris BrownLet’s Go

 

Arty & Mat ZoRebound

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑