Аудио Kesha

22 април, 2013

Вил Ај Ем гостин во ремиксот на „Crazy Kids“ од Кеша

Изгледа дека во последно време неизбежно е да се слушне името Вил Ај Ем. Тој е насекаде! Го подготвува неговиот нов албум „#willpower“ (закажан за 23-ти април), на кој гостуваат голем број колеги, а сега улогата на гостин ја има самиот тој. Имено, за најновиот трет сингл од последното албумско издание на Кеша, песната „Crazy Kids“ доби ремикс издание во кое Вил има неколку стихови, со кои (според Idolator) ја „уништува песната“.

Како тоа звучи и дали Idolator е во право, слушнете во продолжение и проценете сами.

 



Врати се горе ↑