Видео

26 март, 2018

Викторија Лоба со нов стил го претстави својот „Херој“

Експериментирањето со различни стилови во музиката е голем предизвик за музичарите, а секогаш е пријатно изненадување кога публиката позитивно ќе реагира на ваквите промени. Токму таков е случајот и со Викторија Лоба, која во својот нов сингл насловен „Херој“ вметна етно-звуци.

„’Херој’ како балада е посебна за мене, поточно вистинска и искрена. Мојата етно-интерпретација сама се наметна, мелодијата тоа го бараше, а јас само ја следев како што ми говореше срцето. Сигурна сум дека ќе биде македонски хит кој ќе остави белег во музичката историја. Сакам нови и различни правци на музика кои ќе бидат стилски направени за да се задоволи сечие уво на квалитетна мелодија“, рече познатата русокоса за своето ново музичко парче, за кое повторно ги здружи силите со долгогодишниот соработник Роберт Билбилов, а сето тоа визуелно го долови режисерот Даниел Јовески, преку камерата на Дарко Митев.

Песната воедно е и најава за новиот албум на Лоба, каде што ќе се најдат и неколку постари композиции, но фокусот ќе биде на материјалот што го работела изминативе месеци со Роберт и со Марга Сол. „Ветуваме нови македонски хитови, компилација на песни преку кои слушателите ќе ја почувствуваат позитивната енергија“, додаде Лоба во разговор со „Црнобело, а како изгледа и звучи нејзиниот „Херој“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑