Аудио 10450972_10152408637837693_6759772564412707055_n

10 декември, 2015

Викторија Лоба ќе го освојува Балканот

По кусата пауза од музичката сцена, Викторија Лоба ги наполна батериите и се врати со дури две нови песни. Првата од нив е темата насловена „Опиум“, чиј текст го напиша самата Лоба, музиката е дело на Дамјан Лазаровски, а продукцијата ја направи Роберт Билбилов. За оваа песна, која Ве очекува во продолжение, пејачката снима и видео запис и истиот ќе го промовира наскоро.

Со песната насловена „Киша и сунце“, снимена во дует со цногорскиот кантавтор Вања Радовановиќ, Лоба дебитираше на регионалната музичка сцена, а видео записот за оваа нумера се снимаше летоска во прекрасните предели на Бока Которска. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑