Видео

20 февруари, 2019

Викторија Лоба ја екранизираше својата „Воздишка“

Викторија Лоба го објави видеото за темата „Воздишка“, која се најде на нејзиниот долгоочекуван деби-албум „Нов свет“, издаден и на англиски јазк со насловот „New World“, а промовиран пред самиот крај на минатата 2018 година. Музиката и продукцијата се на познатата продуцентка Маргарита Сотировска алијас Марга Сол, а стиховите си ги потпишува самата Лоба.

NEW SONG & NEW VIDEO OFFICIALLY ‼️Љубов… Во секоја #Воздишка ♥️🕊Благодарност до Marga Sol , Darko Mitev и Papaz за…

Gepostet von Victoria Loba am Montag, 18. Februar 2019

 

Сето тоа визуелно го дополни режисерот Дарко Митев, снимајќи ја русокосата пејачка на познатата вулканска плажа на грчкиот остров Санторини, а за нејзиниот изглед се погрижи модниот креатор Андреј Ѓорѓиевски – Папаз. Како изгледа и звучи нејзината „Воздишка“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑