Македонија

17 декември, 2018

Викторија Лоба го промовира првенчето „Нов свет“

Вечерва со почеток од 19.00 часот во ресторанот „Фор“ (Four) во Скопје, Викторија Лоба ќе го промовира долгоочекуваниот прв студиски албум „Нов свет“, и тоа во две изданија – на македонски и на англиски јазик (New World). Музички продуценти на материјалот се Марга Сол и Роберт Билбилов, а сето тоа се снимаше во студијата „М-Сол рекордс“, „Џаст РБ студио“ и „Јованови“.

Изданието беше најавено со темите „Опиум“, „Херој“, „Дојди“, ремиксот на „9 работи“, како и соработките со Билбилов и со Тајзи – „Ти си виновна“ и „Каде сме ние“, додека англиската верзија ќе биде целосно изненадување за македонскиот пазар.

Албумите ќе бидат достапни ширум целиот свет преку сите дигитални и стриминг-сервиси. На онлајн-продавницата на македонската издавачка куќа „М-Сол рекордс“ (www.m-solrecords.com) албумите ќе можат да се купуваат дигитално и на механичко цеде, со достава низ Македонија.

 

Gepostet von Victoria Loba am Freitag, 14. Dezember 2018



Врати се горе ↑