30 декември, 2015

Викторија Лоба го претстави својот „Опиум“

Викторија Лоба ја заокружи 2015 година со премиера на видео записот за неодамна објавената песна „Опиум“, чиј текст го напиша самата Лоба, музиката е дело на Дамјан Лазаровски, а продукцијата ја направи Роберт Билбилов. Екранизацијата за оваа балада ја изработи тимот на продукцијата „Егзит Б“, а снимањето се одвиваше на отворено, во Маврово и Козјак. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, пејачката ќе ја дочека Новата 2016 година во работна атмосфера, со настап на плоштадот во Охрид, а со исто темпо продолжува и во текот на викендот, во охридскиот бар „Ноа.



Врати се горе ↑