Аудио va

26 јануари, 2016

Виктор во чест на Тоше – „Боже, чувај ја од зло“

Македонија и Балканот вчера одбележаа 35 години од раѓањето на легендарниот Тоше Проески, а публиката имаше можност да слушне една од неговите досега необјавени песни. Во чест на „единствениот македонски идол“, Виктор Апостоловски реши уште повеќе да му го продолжи животот на еден од хитовите на Тоше, со тоа што направи интересна преработка. Станува збор за баладата „Боже, чувај ја од зло“, на која Апостоловски не само што ѝ го продолжи, туку ѝ даде и нов живот, со малку поинаков аранжман и интерпретација во неговиот веќе препознатлив стил, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑