Виктор ви ги честита празниците во пижами
Нема одмор за Виктор Апостоловски! Дури и за време на празниците, битолчанецот не можеше да се раздели од својата музичка опрема, па реши на оригинален начин да им ги честита празниците на своите фанови! Токму на Велигден, на својот канал на „Јутјуб“ Апостоловски постираше нов сплет од песни, но овој пат сите инструменти ги изведува тој со својот глас.
„Снимив нов меш-ап, ама овој пат сум сам…само бит бокс и вокал… За сат време ќе ви го послужам“, напиша тој и за точно еден час го постираше видеото, а со неговиот „пижама меш-ап“ можете да уживате во продолжение.