Македонија Mangup 2

3 март, 2015

Виктор Ве кани на радио концерт

Во среда, 4 март, со почеток во 20 часот, на фреквенцијата на „Радио Слободна Македонија“ ќе се одржи првиот радио концерт на Виктор Апостоловски, по повод промоцијата на неговиот прв албум. Неговите најпопуларни композиции, зачинети со уште неколку странски хитови, изведени од оригинален состав, ветуваат одлична забава.

Концертот ќе биде пренесуван и преку видео, во живо, на официјалниот канал на „Радио Слободна Македонија“ на „Јутјуб“: „Сите што сакаат да слушнат нешто оригинално, да се дружат со нас и заедно да уживаме во музиката, се добредојдени“, порача Виктор.



Врати се горе ↑