Концерт 20528_816429801762347_7770145695766338149_n

12 март, 2015

Виктор со концертна промоција во Битола

Во недела, 15 март, во култното кафуле „Порта џез“ во Битола, Виктор Апостоловски концертно ќе го промовира материјалот од својот неодамна објавен прв албум „Во моите сни“. Битолчанецот ветува одлична забава за своите сограѓани, кои ќе можат да уживаат со неговите најголемите хитови.

„Сите оние што сакаат да уживаат во оригиналниот звук на мојот бенд, да го чујат мојот албум и многу други странски хитови…да си го набават цедето и да нè поддржат…. Недела е денот… Порта џез’ (Porta Jazz) е местото… 21 часот…  Со влезот добивате одлична журка од мене и мојот бенд и ГРАТИС ЦЕДЕ … и сето тоа за неверојатни 100 денари! Ве очекуваме во огромен број!“, порачува Виктор.

Во продолжение уживајте со неодамнешниот радио концерт на „Радио слободна Македонија“.

 



Врати се горе ↑