Аудио 10922605_800232356715425_3829270100961615185_n

14 февруари, 2015

Виктор промовираше албум и нова песна

Првиот амбасадор на „Дурекс“ во Македонија, Виктор Апостоловски вчера конечно го промовираше неговиот долгоочекуван прв албум, кој го носи насловот „Во моите сни“. Познатиот пејач, кој минатата година дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на своето првенче ги смести сите негови досегашни хитови како што се You Were Mine“, „She’s Beautiful“, „ПМС“, „Не се предавам“, „Ми фалиш ти“, „Најважно од сè“, „Ти и јасиДругата во тебе, како и неколку нови песни, меѓу кои и дует со неговата девојка и колешка од „Идол“, Јана Бурческа.

Познато е дека битолчанецот уште од почетокот на својата кариера најчесто работи сам и се потпишува како комплетен автор на скоро сите песни. Токму таков е случајот и со насловната тема „Во моите сни“, којашто беше објавена денеска, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

По промоцијата во Скопје, Апостоловски планира да го промовира албумот и во другите градови ширум Македонија. Цедето е издадено под етикетата на „Сенатор рекордс“ во Битола, каде што ќе биде достапно да се набави од понеделник, а наскоро ќе го има и во „Југотон“ во Скопје. Покрај физичкото издание, албумот можете да го набавите и во дигитална верзија на Фејсбук.

Повеќе информации за албумот, соработниците и идните планови на Виктор во неодамнешното интервју за „24 вести“.

И.Ј.



Врати се горе ↑