Видео

19 февруари, 2019

Виктор претепан од Викторија во новото видео за „Убиј ме“

По минатонеделната промоција на својот втор албум „Во срцето“, Виктор Апостоловски сега го промовира и најновиот сингл насловен „Убиј ме“, во чие видео јаде ќотек од именичката Викторија Варадинова.

Младата штипјанка и шампионка во кик-бокс го „толчи“ битолчанецот, додека тој пее: „Подобро убиј ме, не ме измачувај! Те сакам премногу на сè да ставам крај! Премногу болат градиве, но морам да ги научам, без тебе!“

Како и на останатите 10 песни на албумот, така и на оваа комплетен автор е самиот Апостоловски, кој си го режираше и видеото, а на гитара му гостува колегата и сограѓанин Владко Симоновски. Како изгледа и звучи „Убиј ме“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑