Видео va

6 април, 2015

Виктор повторно изненадува!

Иако сè уште е актуелен со својот прв албум „Во моите сни“, како и учествувото во песната за хуманитарната кампања „Шанса за живот, по неодамнешната преработка на познатиот хит од Ашер, Виктор Апостоловски реши повторно да нè изненади. Овој пат, со неговиот оригинален бенд, во собата во која прават проби снимија дел од нивниот репертоар т.е. сплет од 4 светски хитови, што во светот е познато како „Mash Up“.

„Пред некое време размислував како да внесам свежина во етерот т.е. барав начин да направам нешто оригинално. Барајќи, налетав на едно прекрасно инструментче во диџејска форма кое има милион опции и кое допрва ќе биде дел од моите видеа. Направивме еден одличен состав, со оригинален репертоар, но кога ќе ме побараа за настап и кога ќе им го објаснев новиот начин на кој настапувам, на луѓето не им беше јасно како сето тоа функционира. Па затоа решив да снимам дел од пробата и еве како тоа изгледа. И бидејќи супер си поминавме на снимањето, решив секоја недела или две да пуштам ново видео, на повеќе различни начини, така што, ќе станува сè по интересно“, вели Виктор, а како звучи овој интересн сплет можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑