Аудио IMG_5889

22 ноември, 2012

Виктор „Не се предава“ (Аудио+фото)

Слушнете ја новата песна на Виктор Апостоловски! Младиот битолчанец деновиве го промовираше новиот сингл „Не се предавам“. Темата е автобиографска, осносно во неа се обработува еден мал дел од неговиот живот. Исто како и „ПМС“, и оваа песна е целосно авторско дело на Виктор, но овој пат обработува повеќе животни моменти, т.е. доловува делови од неговиот живот кои малкумина ги знаат.

„Самиот наслов си ја кажува мојата порака во песнава, а што се обработува во текстот ќе дознаете кога ќе ја слушнете“ – вели Виктор.

И оваа песна си доби видео запис, кој ќе имаме можност да го видиме уште од следната недела. Овој пат Апостоловски соработуваше со „Гнасни деца продукција“, исто така од Битола. „Тоа се мои врсници кои до сега имаат изработено неколку прекрасни дела, работат доста професионално, така што мислам дека одлично ќе ја доловат приказната во оваа песна. Како што гледате, најчесто работам со млади луѓе од мојот крај, а најголема причина за тоа е сонот кој сите ние го имаме. Сите копнееме и стремиме кон иста цел и верувам дека полесно ќе стигнеме до нашиот сон ако си дадеме шанса едни на други, т.е. ако соработуваме и ако си помагаме. Живееме во еден свет каде владее само едно правило, а тоа е “ Каде што има сила, нема правдина“. Затоа оваа песна за мене е посебна, бидејќи не ја раскажува само мојата приказна, туку и приказната на голем број млади луѓе во државава, а Бога ми и во светот.“.

Во продолжение погледнете фотографии од снимањето на видео записот и слушнете ја „Не се предавам“.



Врати се горе ↑