Македонија Viktor 01

12 ноември, 2012

Виктор наскоро со нова песна и спот

Младиот битолчанец Виктор Апостоловски по неговото учество на Македонскиот Идол објави три песни и два видео записи. Вчера на неговата фан страница пејачот најави дека песната која веќе извесно време се подготвува, наскоро ќе можеме да ја слушнеме во етер, а за истата во четврток почнува да се снима и видео запис. За некои од песните кои до сега ги има објавено Виктор, соработуваше со Валентино Скендеровски, а последната со наслов „ПМС“ беше комплетно негова. За сега не е познато кој тим ќе стои позади новата песна, како и тоа дали ќе биде на англиски или македонски јазик, со оглед на тоа што две од трите досегашни песни на Виктор се на англиски јазик.

Во меѓувреме Виктор држи часови по пеење во приватното музичко училиште „Тоника“, а неговите студии за музика се при крај.

Додека ја очекуваме промоцијата на новата песна, преслушајте ги уште еднаш одличните нумери: „You Were Mine“, „She’s Beautiful“ и „ПМС“.

 



Врати се горе ↑