9 јули, 2013

Виктор ќе Ви каже што е „најважно од сè“

„Крени чаша високо, олабави притисокот! Овој живот тежок е, денес заборави на сè! На сите тешки мигови, на порази и падови,  живи здрави тука сме и то е најважно од сè!“ – пее Виктор во неговата нова песна која од неодамна се врти на радио станиците ширум земјата. „Најважно од сè“ е комплетно авторско дело на Апостоловски, а за видео записот кој премиерно беше претставен вчера, повторно се погрижи Гнасни Деца Продукција.

Композицијата е летна тема со одличен ритам, а Вие опуштете се, уживајте и никогаш не заборавајте што е најважно од сè!

За крај, уште едно потсетување за претстојниот прв солистички концерт на Виктор, кој е закажан за сабота (13-ти јули) во Хераклеја (Битола).



Врати се горе ↑