Македонија

27 септември, 2017

Виктор ќе открие што има „Во срцето“

После англиските теми „Pathetic“ и „Not On You (Allergic)“, Виктор Апостоловски повторно ќе објави песна на македонски јазик, а како што открива пејачот, овој пат станува збор за рап песна.

Имав потреба да си ги истурам чувствата за ситуацијата што ми се случи неодамна, која ми се има случено и претходно, а за која се напишани и ’Pathetic’ и дел од ’Not on U (Аllergic)’. Од таа ситуација излезе километарски текст кој немаше како да го раскажам, освен да го рецитирам“, изјави Виктор за „Репортер“.

„Отсекогаш сум ги изразувал чувствата низ песни, ама како да имав сопирачка. Овој пат нема сопирачка!“, додаде тој, а премиерата на темата насловена „Во срцето“ се очекува да биде следната недела.



Врати се горе ↑