Промоции

7 февруари, 2019

Виктор ќе го прослави роденденот со нов албум

Виктор Апостоловски ја закажа неодамна најавената промоција на неговиот втор албум „Во срцето“, а настанот соодветно ќе се одржи на неговиот роденден, на 12 февруари, во „Студио паб“ во Скопје. Присутните ќе можат да уживаат и со акустична свирка со дел од новиот материјал.

Покрај насловната тема, на албумот се сместени уште десет други песни, меѓу кои веќе објавените „Нервоза“, „Бон-тон“, „Знам“, „Каде на одмор“, „Само мене“, „Прости ми“ од Скопскиот фестивал и макфестовската Ни јас, ни ти“, како и сосема новите „Не ми е до песна“ и „Убиј ме“, а бонус-трака е темата „Лектира“, која ја претстави под псевдонимот „Професорот“.

Комплетен автор на сите песни е самиот Апостоловски, а меѓу соработниците е сограѓанинот Владко Симоновски на гитара („Убиј ме“, „Нервоза“ и „Прости ми“) и Илија Ќосевски и Панче Касапски за фестивалските „Прости ми“ и „Ни ти, ни јас“.

За новото издание, кое ќе го наследи првенчето „Во моите сни“ (2015), Виктор рече дека е стилски мошне разнолико, но е тематска целина што раскажува еден дел од неговиот живот, односно дека сите песни се автобиографски. „Најчесто пишувам за она што мене ми се случува, понекогаш дури и пред да ми се случи. Иако немав некој зацртан план, кога ќе ги погледнам сите песни, тие се сите поврзани“, рече некогашниот Идол, дополнувајќи дека се изразува така како што ќе му дојде во моментот.

Снимивме ново спооотче 😁😎После промоцијата на албумот ќе има и ново видео!!! Благодарности до убавината Varadinova…

Gepostet von Viktor Apostolovski am Sonntag, 3. Februar 2019

Освен новиот албум, Виктор наскоро ќе промовира и ново видео, кое го снимаше деновиве и во кое „јади ќотек“ од боксерката Викторија Варадинова.

Промоцијата е со почеток од 20.00 часот.

GIVEAWAAAYYYY!!!Сакаш CD пред промоцијата? Заследи ме на Инстаграм и следи ги правилата 😁https://www.instagram.com/p/Btja1WoHWWc/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=11g4y6pbsa3vj

Gepostet von Viktor Apostolovski am Mittwoch, 6. Februar 2019



Врати се горе ↑