Аудио viktor

13 октомври, 2013

Виктор ја претстави баладата „Ми фалиш ти“

Малку се измачи со прикачувањето на интернет, но неговите фанови беа трпеливи и полни со разбирање, па синоќа конечно ја дочекаа неговата нова песна. Откако ни кажа што е „Најважно од сè“, Виктор  ја претстави својата прва балада која е комплетно негово авторско дело и го носи насловот „Ми фалиш ти“, а звуците на гитарата кои ја збогатуваат композицијата се отсвирени од Владко Симоновски. 

„,Ми фалиш ти’ е тема за која дел од текстот беше напишан пред моето испаѓање од Македонскиот идол, а целосно беше изработена лани. Ја слушнаа неколку мои колеги продуценти, при што добив уште неколку понуди за соработка, но за жал или за среќа, неуспешни. Потоа, како што веќе знаете, ме ограбија, при што морав од почеток да ги работам сите композиции за конечно денес да ја завршам и да ја пуштам во етер. Кога прв пат ја почнав, раскажуваше како на едно момче му недостига девојката, но ми фалеше некаков развој, ми фалеше причина, ми фалеше нешто што ќе ја направи поинаква од сите други балади. Потоа испаднав од идол, па ми се случија милион работи поради кои текстов го видов дури пред една година и токму тогаш го допишав она што ми фалеше и чуствувајќи ја, ја направив музиката. Мислам дека бадијала ќе се трудам да ви ги опишам чуствата со збор, затоа одвоете 5 минути, слушнете и сами ќе ја почуствувате.“ – вели Виктор.



Врати се горе ↑