Видео 10959388_807401365998524_8627155300138521231_n

23 март, 2015

Виктор ја преработи „Here I Stand“ од Ашер

Виктор Апостоловски, кој неодамна го промовираше својот прв албум „Во моите сни“, а учествуваше и во песната за хуманитарната кампања „Шанса за живот, ги изненади своите фанови со нова преработка. На својата фејсбук фан страница тој напиша: „Абе сабајле кон 3-4 нешто се распеав по дома… па сеа се мислам дали да ја ставам снимката на Јутјуб…или да не ја ставам… шо викате вие?“

Фановите беа едногласни и тој по неколку часа ја постираше преработката, за која вели ја снимил истиот ден, но во 3 часот наутро. Неговата одлична верзија на баладата Here I Stand од Ашер можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑