Аудио va-njnt

23 февруари, 2016

Виктор ја објави студиската верзија на макфестовската „Ни јас, ни ти“

Темата „Ни јас, ни ти“, со која битолчанецот Виктор Апостоловски минатата година за првпат настапи на познатиот штипски фестивал „Макфест“, конечно доби своја студиска верзија. За оваа песна, чии автори се Панче Илиев, Илија Ќосевски (музика и аранжман) и Огнен Неделковски (текст), пејачот се закити и со награда за најдобар сценски настап. Во снимањето учествуваа и Марија Илиева и Ангелина Сименонова на виолина, Кирил Бреслиски на труба и Славко Ѓоргиев на саксофон, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Апостоловски во моментов е актуелен и со одличната соработка со младиот британски продуцент Синовокс, со кого ја сними денс нумерата „Love You Right“, на која можете да се потсетите овде, а повеќе информации за неговите идни планови дознајте во продолжение.

И.Ј.



Врати се горе ↑