22 октомври, 2015

Виктор го претстави видео записот за новата песна „Само мене“

Дурекс амбасадорот Виктор Апостоловски ја промовираше својата најнова песна „Само мене“ на официјалниот канал на „Дурекс Македонија“ на Јутјуб. Музиката, текстот, аранжманот и продукцијата на песната, како и комплетниот видео запис се негово дело.

Јас работам со своите чувства, со случувања што се дел од мојот живот, па оттаму доаѓа мојата постојана инспирација за музиката и текстовите што ги создавам. Мислам дека оваа песна е тема во која ќе се пронајдат сите малди кои постојано бараат нови предизвици во животот. Текстот засега е на македонски, но наскоро ќе има и англиска верзија“, вели Виктор.

Во спотот, покрај Виктор, главната улога ја има и манекенката Дариа Стефановска заедно со танчерите Мартин Атанасовски од танцовиот клуб „Аква“ (Aqua Dance Club) и Борис Ташковски од „Битрикс“ (Beatrix). За шминката се погрижи Ајтен Демири од „Де лукс“ (De Luxe).

Спотот за песната „Само мене“ е поддржан од компанијата „Дурекс“, за која Апостоловски е втора година по ред нивни амбасадор во Македонија. Тој со таа улога ја шири неговата мисија за едукација и безбеден секс од сексуално преносливи инфекции и непланирана бременост.

„Среќен сум што втора година по ред сум Дурекс амбасадор и ја имам таа чест заедно со колешката Рената да ги едуцираме младите за правилните информации околку безбедениот секс“, додаде младиот поп пејач, а како изгледа новиот видео запис можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑