Видео

4 февруари, 2018

Виктор го препеа Џастин

Уште откако се појави на македонската сцена, Виктор Апостоловски го споредуваа со Џастин Тимберлејк, а битолчанецот во една пригода се пошегува дека американската ѕвезда, всушност, се инспирира од него, а не обратно. Сепак, тоа не е никаква пречка за Виктор да препее по некој од неговите хитови, па овојпат изборот падна на еден од најновите хитови на Тимберлејк – дуетот со кантри-ѕвездата Крис Стејплтон насловен „Say Something“.

Некогашниот „Идол“ не го крие воодушевувањето од целокупниот аудио-визуелен производ на американските колеги, кои собраа само позитивни критики за сработеното, а како изгледа и звучи „Say Something“ во изведба на Виктор можете да дознаете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑