20 декември, 2016

Виктор е „Патетичен“

После подолго време, Виктор Апостоловски повторно со песна на англиски јазик. Иако момците потешко се одлучуваат отворено да ги искажат своите чувства, популарниот битолчанец со темата насловена „Pathetic“ се охрабри да ја раскаже оваа приказна од машка перспектива.

„Седам цела ноќ покрај телефонот, чекам да се јавиш… јас сум патетичен, толку патетичен“, пее тој во своето најново авторско дело, чија екранизација ја снимаше во Центарот за култура во родната Битола, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

va

После одличната соработка со британскиот продуцент Синовокс за темата Love You Right, за која си направи и ремикс, „Pathetic“ е втора песна на англиски јазик во изминатиов период, а наскоро ќе следуваат и уште неколку нови теми. Се надеваме дека ќе има и повеќе од доволно за да ги собере на неговиот втор албум, кој ќе го наследи минатогодишниот, долгоочекуван првенец „Во моите сни“.

Па и редно е да започне да ја освојува светската сцена, бидејќи со вакви одлични песни таму и припаѓа!

VA fala

И.Ј.



Врати се горе ↑