Македонија va1

18 септември, 2015

Виктор бара лепотица за новиот спот

Нема пауза за Виктор Апостоловски! Иако својот долгоочекуван прв албум го промовираше во февруари годинава, а во јуни за прв пат учествуваше на „Макфест, познатиот битолчанец продолжува со нови материјали, а следното нешто од него ќе го слушнеме и видиме наскоро. Имено, на својата фан страница на Фејсбук пејачот објави соопштение за сите што се заинтересирани да учествуваат во снимањето на видео записот за неговата најнова песна „Само мене“, во која се работи за една преубава девојка.

Во меѓувреме Виктор често знае да направи и по некоја преработка на познати хитови, а последната од нив е темата „Ayo Technology“ од Фифти Сент и Џастин Тимберлејк. Како звучи овој хит во изведба на Виктор можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑